На плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан денеска активистка на феминистичката група Фемен со разголени гради се обиде да украде статуа од бебето Исус, но била спречена од полицијата.
Таа ја прескокнала безбедносната ограда и тргнала кон местото каде била поставена статуата. На нејзиниот грб имала испишано „Бог е жена“, а тоа и го извикувала.
Таа била уапсена откако полицаец успеал да ја фати. Настанот се случил два часа пред традиционалната божикна порака на Папата Франциско.