Илиевски на местото на Милевски на кормилото на Вардар

Од:

Боби Милевски е сменет од тренерската позиција на фудбалскиот клуб Вардар, а на негово место денеска за нов кормилар на „црвено-црните“ ќе да биде назначен поранешниот македонски селектор Никола Илиевски – Џиџи, пишува Екипа.мк.

Милевски го предводеше најтрофејниот македонски клуб и актуелен шампион до првото место во есенскиот дел од сезоната, а понатаму треба да добие нови задачи во таборот на Вардар.

Официјалното претставување на Илиевски се очекува денеска напладне, кога и ќе започнат подготовките за вториот дел од фудбалскиот шампионат. Покрај на кормилото на македонската сениорска селекција и на У-21 репрезентацијата на Македонија, Илиевски ги предводеше и Победа/, Работнички, Беласица, Скопје, Металург, словенечки Целје и репрезентацијата на Бангладеш.

Би можело да ве интересира

Усман Дембеле е најдобриот фудбалер во светот за 2025 година

Извлечени сите групи за Светското првенство во фудбал

Интер се извлече – Лаутаро човекот на одлука во Пиза

Ливерпул го „дочека“ Исак – и победа во Лондон

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Катастрофален пораз од Велс, дадовме еден, примивме седум голови

Предраг Петровиќ

Единаесет месеци затвор за родителот од „Шкупи“ кој нападна двајца млади фудбалери на Брегалница

Катерина Ѓуровски