Српски цариници синоќа на граничниот премин Батровци на излез од таа држава кон Хрватска, во камион со македонски регистерски таблички заплениле повеќе од 900 килограми марихуана наменета за Западна Европа.
Возачот на камионот, Македонецот А.Д (28) е приведен.
Дрогата е пронајдена во камион со кој се пренесувале кујни, кујнски елементи и бела техника и била спакувана во специјално дизајнирани кутии, се вели во соопштение од српската царинска служба.
На детална контрола на возилото цариниците се одлучиле врз основа на индикатори на анализа за ризик, „а, во тој случај бил правецот на движење на камионот, бидејќи обидите за шверц на наркотици од Македонија во Западна Европа се многу зачестени во последно време“, јави Танјуг пренесувајќи го соопштението. з