САД и ЕУ: Владата да овозможи политички дијалог

Од:

ЕУ и САД изразуваат загриженост за неодамнешните внатрешнополитички настани во Македонија зашто со нив, како што наведуваат во денешната заедничка изјава, се одвлекува вниманието од стратешките приоритети на државата.

Тие ја охрабруваат опозицијата да се врати во Собранието, а Владата да ги преземе сите чекори за повторно воспоставување на политичкиот дијалог.

– Во една парламентарна демократија Парламентот е клучниот форум за покренување и решавање на сите прашања, како и за дебатирање. Со таа цел, ја охрабруваме опозицијата да се врати во Собранието за да ги претставува големиот број граѓани кои гласаа за неа на последните парламентарни избори, стои во заедничката изјава на шефовите на мисиите на Европската инија и САД во Македонија.

Според нив, на секоја демократија и треба силна и активна опозиција.

– Истовремено, ја охрабруваме владата да создаде услови за ефикасно и транспарентно делување во Парламентот. Важно е сите партии да ја почитуваат оваа институција, нејзините процедури и демократските вредности врз кои е заснована. Веруваме дека ова ќе биде во интерес на сите политички партии, како и во интерес на земјата со оглед на клучната важност која ја имаат ЕУ и НАТО интеграцијата за иднината на сите нејзини граѓани, без оглед на нивната политичка определба, посочуваат од ЕУ и САД.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Собранието одлучи: Се забранува употреба на пиротехника во затворен простор

Горан Наумовски

Пратеници од „Европски фронт“ поднесоа иницијатива за формирање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

Поддршка од пратениците за законски измени со кои ќе се забрани пиротехника во затворен простор

Зајкова: Да ги заштитиме жените и жртвите на семејно насилство, а не да санираме ненадоместливи штети

Пратениците конечно се враќаат на работа