Поглаварот на Католичката црква. папата Франциско денеска упати повик за мир во светот во својата традиционална божиќна порака „Урби ет орби“ (До Градот и светот).
– Ветровите на војната дуваат во нашиот свет и еден надминат модел на развој продолжува да предизвикува човечко, општествено и еколошко назадување, посочи папата во обраќањето од главнот балкон на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан.
– Да се помолиме на Господ да има мир во Ерусалим и секаде во Светата земја, повика папата Франциско и изрази надеж за обнова на дијалогот, што ќе доведе до мирно заедничко постоење на двете земи – израелска и палестинска.