Села: Ќе видиме дали ќе учествуваме во работата на Собранието

Од:

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во изјава за „Макфакс“ вели дека засега немаат одлучено како ќе постапуваат, односно дали неговата партија ќе учествува во работата на Собранието. Во однос на тоа дали на денешното продолжение од пленарната седница ќе гласаат за избор на новите министри, меѓу кои е министерот за здравство, Села молчи.

„Ќе видиме како ќе постпапиме. Истото ќе го видите и вие наскоро. Ако има нешто дополнително, ќе повикаме прес-конференција и ќе одговориме на прашањето. До тогаш, немаме став“, рече Села.

Вчера лидерот Зијадин Села по состанокот на Централното собрание што се одржа во Гостивар рече дека очекува нова средба со премиерот Заев за да разговараат повторно околу условите за нивното останување во коалицијата.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Директорот Мемеди призна дека продолжува да го загрозува здравјето на децата во клиниката

Алијанса за Албанците: Власта се обидува да го партизира Советот за медиуми преку партиски кадри

Горан Наумовски

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари

Алијанса за Албанците: ДКСК да отвори постапка за Изет Меџити, ги злоупотребува државните канцеларии

Алијанса за Албанците: Власта се предаде, паднаа лагите, а саботажата на Коридорот 8 пропадна

Горан Наумовски

АА: Укинувањето на балансерот е антиалбанска политика