Синдикатот на Карпош и УПОЗ го потпишаа колективниот договор

Од:

Претседателот на Синдикалната организација на Општина Карпош Ненад Зафировски и претседателот на гранковиот синдикат на УПОЗ Пеце Груевски, денеска, во присуство на градоначалникот Стефан Богоев официјално го потпишаа Колективниот договор за административните службеници и другите вработени во Општина Карпош.

Овој трипартитен договор треба да им обезбеди повеќе права на вработените во Карпош, дури од оние кои се пропишани со Закон, изјавија тројцата потписници на Колективниот договор.

Претседателот на општинскиот синдикат, Ненад Зафировски посочи дека Општината за прв пат склучува ваков договор со кој ќе се унапредуваат правата на работниците во оваа локална самоуправа и тоа во повеќе делови: додатоци на плати, регрес за годишни одмори, додатоци на плата, користење на слободни денови и сл. Зафировски изрази посебна благодарност до секретарот на Општина Карпош Стојан Алексов кој даде голем професионален придонес, договорот час поскоро да се реализира, соопштуваат од Општина Карпош.

Градоначалникот Богоев, како работодавач го истакна своето задоволство од овој договор со кој ќе се овозможи и мотивирана и професионална општинска администрација.

– Нашата цел е да градиме професионална општинска администрација која ќе биде вистински сервис на граѓаните, изјави во оваа пригода градоначалникот на Карпош Стефан Богоев.

Со унапредувањето на работничките права ќе добиеме мотивирани административни работници, но секако, целосното извршување на работните обврски и должности е исто така гарантирано со Колективниот договор. Граѓаните тоа го очекуваат од нас, а тоа значи двостраност, поголеми права, но и поголеми обврски на администрацијата, на чие професионално унапредување засилено ќе работиме, изјави Богоев.

Според Пеце Груевски, претседател на УПОЗ при ССМ, ова претставува свечен момент за вработените на Општина Карпош. Карпош е меѓу првите општини која го потпиша овој колективен договор, а тоа е посебно значајно бидејќи ја имате и една од најголемите синдикални организации во управата.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира