„Трето полувреме“ ќе се прикажува во Австралија

Од:

Склучен е договор за прикажување на „Трето полувреме“ во Австралија, а во тек се преговори за дистрибуција во САД и Канада. Режисероот Дарко Митревски во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик открива дека паралелно работи на неколку други проекти: за аферата Мис Стон, за детството на Мајка Тереза и на еден американски трилер, за кој во моментов пишува сценарио.

За северноамериканска промоција на „Трето полувреме“ Митревски го избрал Палм Спрингс зашто фестивалот ги прикажува филмовите кои учествувале во оскаровската трка, нуди пресек на најдоброто од светската продукција, од новиот бран автори.

– Ова не е филм што испраќа политички пораки, додава Митревски, но „во секој случај, зборува за еден период од македонската историја кога се формирале, меѓу другото, и некои политички идеи. Тоа биле идеи кои што ќе вродат со плод долги години подоцна“.
Филмот повлече политичка напнатост на релација Бугарија – Македонија за темата – депортацијата на македонските Евреи за време на Втората светска војна, кога Македонија била под бугарска окупација. Бугарскиот премиер Бојко Борисов беше цитиран во медиумите дека Бугарија не заслужува филм против неа, затоа што земјата спасила 50.000 Евреи.
Митревски, пак, со став: „Јас мислам дека овој филм не е проблем на Македонија. Никаков. Ова е македонски филм, но не е наш проблем. Дали е тоа проблем на Бугарија? Веројатно да, доколку Бугарија не може да се соочи со сопственото минато и со некои темни дамки во него. И, секако, е проблем на Европската унија. Ако ЕУ себеси се смета за федерација во која е можно попречување на цела една земја и цела нација заради уметничко дело, кое, меѓу другото, кажува стопроцентно потврдени, проверени факти – не од македонски и бугарски, туку од светски – американски и европски авторитети – тогаш Македонија не е таа што има проблем, туку ЕУ“.

Митревски додава дека неговиот филм е против омраза, против идеологии кои проповедаат нетолеранција, против идеологии кои проповедаат исклучивост.

„Трето полувреме“, исто како и неговиот автор, е филм кој е против секој оној којшто може да помисли дека човек заради својата припадност, било верска, било национална, било политичка, било сексуална, било каква негова определба, може да биде понижуван и некој има право да го понижува, да го одземе неговиот имот, да го загрози неговиот живот, или воопшто, на кој било начин негативно да влијае на неговата иднина. „Трето полувреме“ е филм против сите такви идеологии, без оглед на нивниот предзнак, вели Митревски во интервјуто за Гласот на Америка на македонски јазик.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ