Невообичаени барања на издавач на стан од пеколот

Од:

Во потрага по стан, Лаура Евелин од Лондон наишла на разни издавачи на стан, кои имале голем број услови за нивните потенцијални постанари.

Меѓутоа, еден од нив особено се издвојува. Поточно, девојката од издавачот на стан добила список со 30-тина бизарни барања.

Така, меѓу другото, во правилата стои дека туширањето не може да трае подолго од 15 минути, готвењето не смее да биде подолго од половина час, а сите гости кои доаѓаат во посета мора да ги одобри газдата на станот и тоа две недели пред нивното доаѓање.

Исто така, едно од правилата е и тоа дека свинското месо никако не смее да биде во станот, па дури ни во фрижидерот, а доколку во судоперот има неизмиени садови, Лаура ќе мора да плати дополнително 25 долари за нејзината станарина.

Секако, Лаура не одлучила да се всели, но списокот со куќниот ред го ставила на интернет и за кратко време списокот со барање стана вистински хит.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ