Папата Франциско денеска се помоли за населението на филипинскиот остров Минданао, кој настрада од поплави и лизгање на земјиштето.
Во обраќањето кое што Папата го одржа неколку часа пред мисата за Бадник, папата кажа дека бурата предизвика бројни жртви и големи разурнувања.
Папата Франциско кажа дека сака да го увери населението на островот дека се моли за него, дека се моли Бог да ги прифати душите на загинатите и да ги утеши сите, кои страдаат од оваа катастрофа.
-Да се помолиме за овие луѓе, ги повика тој насобраните на плоштадот.
Во невремето на Филипините загинаа повеќе од 120 луѓе, а околу 160 се водат за исчезнати.