Каков лидер ќе биде Христијан Мицкоски?

Од:

Христијан Мицкоски е новиот, трет по ред лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е одлуката на Конгресот каде што со освоени 376 гласа тој беше избран за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски уште еден месец пред неговиот избор проговори кои карактеристики треба да ги има еден партиски лидер доколку Груевски го напушти кормилото на ВМРО-ДПМНЕ.

„Првиот столб е да биде лик што ќе биде прифатен од базата, вториот е да има позитивна перцепција во јавноста и третиот елемент е да биде прифатен од меѓународната заедница. Кој ќе ги исполнува или приближно ќе ги исполни овие три пилари, ќе биде идниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ доколку Никола Груевски замине од првата позиција“, изјави Мицкоски.

Од новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ се очекува да воведе демократски курс во ВМРО-ДПМНЕ, но пред се да ги зајакне редовите на опозиционата партија каде дел од членството не се согласува со начинот на кој беше избран. Никола Груевски во говорот на Конгресот напомена дека незадоволни имало и во 2003 година, и кажа дека тој со нив расчистил со тоа што создал нов тим. Од она што Мицкоски го изјави пред да биде избран за претседател на партијата, може да се заклучи дека сепак тој ќе има поинаков пристап, што би значело и поголем демократски капацитет.

– Партијата била единствена, е и ќе остане единствена. Ако алудирате на иницијативата и на сите икс комуникации кои што се случуваа во изминатите денови јас можам да кажам дека станува збор за мои колеги, партијци искусни со кои многу пати заедно сме поминале многу партиски битки, сме извојувале многу партиски заеднички борби така што нивниот капацитет ќе биде искористен максимално и во иднина, а се со цел да го поразиме противникот, а тоа е штетната и деструктивна политика која што Владата на СДСМ ја води веќе овие седум месеци“, рече Христијан Мицковски по Извршниот комитет на партијата.

Ваквиот став тој го потврди и на Конгресот.

Неприсуството на членови на Извршниот комитет и делегатите на конгресот е потврда на демократските капацитети кои се внатрепатриски во ВМРО-ДПМНЕ. Секој оној делегат кој чувствува потреба и одговорност да биде дел од Конгресот е тука и оној делегат којшто не присуствува исто така го поздравувам и ја почитувам неговата одлука“, изјави Христијан Мицкоски.

Тој рече дека ја почитува одлуката на членовите кои решија да го бојкотираат Конгресот бидејќи станува збор за „исклучителни луѓе, браќа, сопартијци, со кои сме се радувале и тагувале во минатото“. Ова е и општо подадена рака и прегратка кон сите граѓани во Република Македонија, додаде тој.

Во врска со понатамошната соработка со пратеничката група и дали очекува лојалност од нив, Мицкоски кажа: „Сведоци сте дека најголемиот дел од луѓето што ја потпишаа Иницијативата за демократизација којашто беше објавена пред некој ден се присутни во салата, така што сигурен сум дека пратеничката група претставува еден од столбовите за идното функционирање на ВМРО-ДПМНЕ. Јас ако бидам избран за претседател, ќе ги потпирам моите политики и на партијата на пратеничката група. Станува збор за луѓе со исклучителен капацитет“.

Во говорот по неговиот избор, Мицкоски истакна дека негов политички противник е СДСМ, а не лица или групи во неговата партија. Тој кажа дека ќе се потруди политиката да биде поинаква, а на тие кои кажуваат дека ќе бил марионета, Мицкоски кажа дека со напорна работа ќе им го докажел спротивното.

Покрај функцијата генерален секретар, Мицкоски беше и претседател на кадровската комисија во партијата, а во периодот од 2010 до 2012 бил претседател на Комисијата за енергетика. Бил дел од републичките изборни штабови во 2008, 2011, 2014 и во 2016 година. Во партиското портфолио пишува и дека бил член на Конгресот во 2003 година и во 2015 година.

На функцијата генерален секретар во партијата Мицкоски дојде од позицијата генерален директор на АД ЕЛЕМ. Мицкоски беше назначен и за советник на тогашниот технички премиер Емил Димитриев. Претходно, беше вонреден професор на Машинскиот факултет, каде што дипломирал и завршил магистерски и докторски студии.

Мицкоски има 40 години, оженет е и татко на две деца.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија