Дариo Дандa, дипломец на познатиот технички факултет МИТ, минатата година толку многу се напил на студентската журка што седум часа подоцна се разбудил на Итната помош не сеќавајќи се на ништо. Ова искуство го наведе да измисли дигитални коцки кои мерат колку сте испиле и кога е време пријателите да ве однесат дома.
Наместо после тешкото пијанство да одлучи да намали или сосема да престане да пие, Данда се одлучил за необичен изум. Дигиталните коцки направени се од желатин, а во нив се инфрацрвен емитер, акцелометри и ЛЕД светла кои ја менуваат бојата од зелена, преку жолта, до црвена во зависнсот од тоа колку брзо пиете и колку сте испиле.
Акцелометрите го мерат бројот на голтки врз основа на кои се одредува со 80 отсто прецизнот количеството на алкохол во крвта. Доколку лицето продолжи да пие и откако коцките станат црвена боја, тие ќе испратат СМС порака до пријателите на таа личност најгласувајќи им дека треба да го носат дома.
Данда снимил и видео каде го прикажува неговиот изум и начин на кој функционира.