Груевски: И во 2003 година имаше незадоволни членови, па формирав нов тим

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со овој Конгрес го започнува походот кон победа и враќањето на власт во РМ, тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ го имаше цели 11 години со бројни успеси и успешни резултати. За жал неправично ни беше одземена победата на парламентарните избори и беше погазена волјата на народот, рече досегашниот претседател на партијата, Никола Груевски.

– Жалам што Конгресот се случува кога партијата е нападната од надвор но и од внатре од наши членови. Јас сум водач на партијата 14 години и имавме 10 изборни победи. Во овие години на успеси се вложив целиот и сето време за партијата и државата, откажувајќи се од многу попријатни можности, изложувајќи се на стресови и непријатности.

– Останав цврст и стабилен и при најтешките удари, и тешко ми паѓа кога преку ноќ ќе видат вакво однесување на мои блиски соработници кои се наоѓаат под притисок. И во 2003 година кога станав претседател најголем дел од најблиските соработници одма се раскараа, па бев принуден да формиран нов тим со неискусни но храбри и одлучни луѓе. Се сеќавам кога во мај на конгресот во Охрид бев избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, и тогаш бевме опозиција, и тогаш се изгледаше безнадежно, СДСМ беше на власт, исто како и денес не работеше ништо конкретно во тие седум месеци, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица