Поранешната директорка на УСАИД, Хенриета Фор е избрана за нова директорка на УНИЦЕФ, соопшти портпаролот на ОН, Стефан Дижарик.
Таа беше назначена на оваа функција од страна на генералниот секретар на Обединетите нации, Антиони Гутереш.
Фор беше првата жена на чело на УСАИД од 2006 до 2009 година, а во моментов е извршна директорка на „Холсмен интернешнал“.