Околу 90 лица загинаа во тропската бура која што ги зафати Филипините и предизвика лизгање на земјиште и поплави. Десетици лица се водат за исчезнати, информираат локалните медиуми.
Жртвите се од јужниот остров Минданао. Прекината е електричната енергија, како и комуникациите со погодениот регион, а тоа ги комплицира спасувачките операции во кои учествуваат спасители, војници, полицајци и доброволци.
Невремето било проследено со ветрови со брзина до 80 километри на час, а бурата се движи на запад и се очекува до понеделник да се оддалечи од Филипините.