Владата одобри заем од ЕЛЕМ и МЕПСО за исплата на ноемвриската плата за МЖ Транспорт

Од:

Владата на денешната седница ја разгледа и прифати Одлуката од Управниот одбор на АД за производство на електрична енергија Електрани на Македонија во државна сопственост, со која се одобрува барањето за заем доставено од Македонски железници Транспорт АД Скопје.

На седницата министрите во владата ја разгледаа и прифатија и одлуката на Управниот одбор на АД МЕПСО Скопје во државна сопственост, со која е одобрено барањето за заем од Македонски железници Транспорт АД Скопје.

Со овие две одлуки, одобрени од страна на Владата на РМ, за Македонски железници Транспорт АД Скопје, се обезбедени финансиски средства за исплата на ноемвриската плата на ова акционерско друштво.

Би можело да ве интересира

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски

Владата планира капитацијата за матичните лекари да се движи помеѓу 20 и 30 отсто

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

Одлуката на САД за царинските трошоци, нема да има голем импакт врз нашата економијa тврди Владата

Влада: Засега немаме добиено барање од СДСМ за лидерска средба

Владата ги осуди неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми во однос на известувањето на трагичниот настан во Кочани