Пристигнуваат закривените OLED телевизори

Од:

Технолошките гиганти Samsung и LG на саемот на електрониката CES во Лас Вегас ги претставија закривените ултратенки OLED телевизори.

Новата технологија за телевизиските екрани OLED којашто се користи со органски диоди за емитување на светлината, се смета за иднина на потрошувачката електроника.

Оваа технологија, енергетски е поефикасна од LCD-то, односно од течниот кристален дисплеј и од плазма технологијата, и овозможува поголеми контрасти на сликата од течниот кристал на екранот.

И LG и Samsung во Лас Вегас претставија OLED телевизори со екрани од 140 сантиметри во дијагонала пред една година, меѓутоа годинава ги претставија подобрените модели, вклучувајќи ги и закривените екрани кои овозможуваат оддалеченоста меѓу корисникот и телевизорот да биде еднаква од кој и да е агол на гледање.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска