Откако во текот на изминатите денови во јавноста се лиферуваа информации дека градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, користел службен телефон за кој месечно трошел 550 евра, тој се огласи на социјланите мрежи каде што вели дека не поседува службен телефон, а го користи приватниот.
„За претпоставената сума со која се манипулира на социјалните мрежи, информирам дека станува збор за идентично пресликана буџетска ставка од ланскиот буџет, која се однесувала на потребите на тогашниот градоначалникот.
Предлог-буџетот за в година ќе биде тема на расправа на следните седници на комисиите на Советот на Општината, како и на седница на Советот на Општина Карпош, кој во основа овој пат има рестриктивен карактер“, пишува Богоев.
Богоев вели дека немал потреба од службен телефонски апарат ниту, пак, побарал толкав износ за телефон што би го користел за службени потреби.
„Инаку, интенција на буџетот за в година е да се оди на минимализација на трошоците по повеќе основи, односно буџетот да биде стабилизациски со цел да се консолидира финансиската сосотојба во општината и расположливите средства да се насочат кон вистинските приоритети и потреби на граѓаните“, додава тој.