Минов: Присуството во Собрание не значи дека сум ја напуштил коалицијата „За подобра Македонија“

Од:

Пратеникот Панчo Минов од ГРОМ демантира дека ја напуштил коалицијата „За подобра Македонија“.

„Пратеникот си ја врши работата за што е избран. Неговото место е во Парламентот. Присуството во Собрание не значи дека сум ја напуштил коалицијата ‘За подобра Македонија’“, напиша пратеникот на Фејсбук.

Тој вчера присуствуваше на расправата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Неговите колеги од коалицијата, предводени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе речиси три недели ја бојкотираат работата на Собранието и не присуствуваат ниту на пленарни седници ниту на комисиските расправи.

Би можело да ве интересира

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи