Димовски: Нашите сугестии и забелешки во изминативе две недели не беа соодветно третирани

Од:

Илија Димовски, чиешто име честопати се вртеше по медиумите изминатиов месец како еден од главните претенденти за лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ, пред почетокот на Извршниот комитет на партијата изјави дека нема да се кандидира за претседател, макар и бил одложен Конгресот.

„Немам намера да поднесам кандидатура, дури и да биде одложен Конгресот за февруари, зашто мислам дека не е време за персонални решенија“, рече Димовски.

Тој додаде дека очекува рационална одлука на вечерашната седница на Извршниот комитет, каде најави дека официјално ќе ги презентира барањата за транспарентен избор на нов претседател и одложување на Конгресот.

„Многупати досега дававме сугестии и забелешки, но во изминативе две недели нашите барања не беа соодветно третирани“, рече Димовски, кој е еден од потписниците на писмото што го потпишаа триесет високи партиски функционери кои јавно побараа одложување на изборот за февруари поради фаворизирање на еден кандидат.

Во врска со обвинувања на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој потенцираше дека одлуката за датумот за Конгресот била донесена едногласно, Димовски рече дека претходно гласале за одржување на конгресот во декември, но во меѓувреме добиле информации за нефер и недемократски избор помеѓу кандидатите, поради што бараат нов датум за Конгресот.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

СДСМ: Мицкоски ги ангажирал „Black Cube“ – приватниот „Мосад“ за следење на опозицијата

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот