Милошоски: Да не дозволиме новиот партиски лидер да биде марионета

Од:

Да не дозволиме новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ да биде марионета. Ова го изјави Антонио Милошоски, пред почетокот на Извршниот комитет на опозицијата.

„Нашите барања се добронамерни, со цел да не дозволиме новиот партиски лидер однапред да биде познат и избран во една недемократска и нефер трка за претседател на Партијата“, рече Милошоски, кој е еден од триесетте високи партиски функционери кои јавно побараа одложување на изборот за нов партиски лидер, за февруари поради, како што наведоа, нетранспарентен процес.

Во однос на обвинувањата од Груевски, кој јавно ги запраша потписниците на барањето зошто молчеле досега и притоа им воочи дека одлуката за датумот за Конгресоти бројот на делегатите била едногласна, Милошоски рече дека многупати досега разговарале со Груевски во четири очи, а било разговарано и на состаноци со поширокото партиско раководство, но очигледно нивните сугестии биле прифатено само декларативно.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

СДСМ: Мицкоски ги ангажирал „Black Cube“ – приватниот „Мосад“ за следење на опозицијата

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ