Почна проектот „Од 20-ти до 20-ти – сите во Охрид“

Од:

Охридскиот градоначалник Јован Стојаноски денеска го означи стартот на проектот „Од 20-ти до 20-ти – сите во Охрид“ што ќе трае до 20 јануари и во кој е предвидена едномесечна секојдневна програма на повеќе сцени во градот.

Ќе има концерти, забави за најмладите, театарски претстави, трки на келнери и дедо мразовци, ден на графитите, фото изложби, промоции на книги,…

Стојаноски истакна дека основната интенција на оваа акција е да се опфати еден од најатрактивните периоди во текот на годината, надвор од главната туристичка сезона во Охрид.

-Главниот дел од настаните ќе се одвиваат на посебно уредени простори во центарот на градот, на неколку различни сцени. Една од сцените е и новиот плоштад кај Мини маркет, со што дополнително ќе се дисперзира забавата во целиот град.

Како една од најатрактивните содржини на месецот на забавата во Охрид, е посебната манифестација, “Чоколадниот новогодишен свет“,која ќе биде лоцирана на делот од „Бистро Корнер“ на влезот во чаршијата до фонтаната кај Чинарот. Овој дел ќе биде посебно украсен со чадори и тезги на кои ќе се продаваат слатки производи во центарот на улицата, а предвидена е и посебна забавна програма за најмладите со одбрана музика, Ди џеј и анимација за најмладите.

Сакам само да напоменам дека ова е мал дел, можеби некаде 20% од целиот проект, кој од оправдани причини, немање на време и предвидени средства со стариот буџет за оваа намена, нема да се спроведе оваа година. Ова ќе биде само почеток, за следната година да имаме еден навистина достоен и спектакуларен дочек на Новата година во Охрид. На ова одговорните за овој проект ќе работат веќе со почетокот на 2018 година и се надеваме дека ќе имаме еден бренд кој ќе се издвои по својата атрактивност и уникатност – истакна градоначалникот Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност