Судскиот совет денеска ќе ја одржи 269 седница, на која треба да донесе одлука за објавување оглас за избор на претседател на Апелациониот суд во Скопје бидејќи сегашната претседателка Лилјана Ивановска-Шопова заминува во пензија, како и избор на претседател на Основниот суд во Дебар.
На седницата ќе биде објавен оглас за судија кривичар во Врховниот суд и еден судија кривичар во Апелациониот суд во Скопје.
Судскиот совет ќе расправа и за извештајот на комисијата во повторената постапка по предметот на ексапелациониот судија Јордан Митриновски, а ќе утврдува нестручно и несовесно вршење на судиската функција.
Извештајот на работната група при Министерството за правда за злоупотребите на АКМИС-системот не се на дневен ред на седницата на членовите на Судскиот совет.