Работна група на Мјанмар и Бангладеш за надгледување на враќањето на Рохинџите

Од:

Денеска беше формирана заедничка работна група на Мјанмар и Бангладеш, која ќе го надгледува враќањето на муслиманите Рохинџи, кои претходно избегаа од насилствата во Мјанмар.

Со договорот се предвидува 30-члена работна група да подготви процедури за почеток на добровоолно враќање, преселување и интеграција на Рохинџите.

Повеќе од 630 илјади Рохинџи избегаа во Бангладеш, откако армијата на Мјанмар презеде остри мерки против нив во август, откако вооружена група изврши напади врз полициски станици.

Двете страни се согласија минатиот месец репатријација да започне околу 21 јануари, но претставник на бангладешкото МНР, кој присуствувал на денешната средба, изјави дека ќе има задоцнување од неколку недели.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени