Црна Гора во првата половина од следната година треба да ги отвори трите преостанати преговарачки поглавја, а потоа, за најмногу четири години да го заврши преговарачкиот процес за пристапување кон ЕУ, изјави денеска во Подгорица унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
По средба со црногорскиот колега Срѓан Дармановиќ, Сијарто оцени дека Црна Гора го заслужила членството во НАТО, а уверен е и дека заслужува место во Унијата.
– Тоа е важно и за регионот, бидејќи Црна Гора е столб или еден од столбовите за стабилноста на Западен Балкан, истакна Сијарто.