Традицијата на новогодишно броење птици во Северна Америка стара е 113 години, а на овогодишното броење присуствуваа 60.000 вљубеници, меѓу кои 12.000 од Канада.
Организатори на ова случување се оринтолошките здруженија од Канада и САД, а броењето птици, кое почнало во 1900 година се вбројува во најстарите пописи на диви животни.
Броењето традиционално почнува за Божик, а завршува на Нова година. Илјадници вљубеници со двогледи и дурбини ги набљудуваат јатата птици во лет и ги бројат. Собраните податоци и воочените занимиливости се бележат и се предаваат на здруженијата кои потоа ги користат за различни истражувања.
Кординаторот на канадското оринтолошко здружение, Дик Канинг соопшти дека и овогодишното традиционално броење птици резултирало со низа изненадувања и занимиливости.
– Уочени и снежни утки, ридски зеби и жолти тресиопашки. Жолта тресиопашка е птица која живее во Евроазија и која патува сама, а јасно е дека поминала долг пат за по втор пат да биде видена на небото на Северна Америка, рече Канинг.
Истакнуајќи дека оваа година изброени се 3,9 милиони птици и 425 вида на небото над Канада, Канингс истакна дека собраните податоци се многу важни за идното оринтолошко истражување.