Обучени нови 105 воспитувачки за децата со посебни потреби

Од:

Вкупно 105 учесници, воспитувачки и негователки од градинките од Општина Карпош учествуваа на работилница за зајакнување на капацитетите за работа со деца со посебни потреби.
Оваа работилница се спроведе во соработка со “Монтесори” здружението, како долгогодишен партнер на Општина Карпош.

Во најстарата градинка во Република Македонија, “Орце Николов”, градоначалникот Стефан Богоев ги додели сертификатите на воспитувачките и негователките за успешно реализираната работилница, и ја истакна потребата од дополнително спроведување на овие проекти:

– Општина Карпош уште повеќе ќе работи на зголемување на вклученоста на лицата со посебни потреби, особено на најмладите. Чувствуваме поголема одговорност кон децата, да им овозможиме подобри услови за следење на воспитно – едукативните програми и нивна полесна социјализација, посочи Богоев.

Со оглед на фактот дека живееме во динамично време, каде што постојаното учење и надградба се вистинска потреба, од огромна важност е усовршувањето на работниците кои се вклучени во воспитно – згрижувачкиот и образовен процес на децата, со посебна нагласка на децата со посебни потреби.

Претседателката на „Монтесори” здружението, Билјана Стерјадовска Стојчевска го истакна своето задоволство од овој проект кој е во рамки и на Националната стратегија за образование 2018 – 2025 година.
Една од примарните цели на овој проект е да се препознаат потребите на лицата со посебни потреби, да се развие комуникацијата со нив и родителите да се упатат на стручните служби.

Градоначалникот Богоев посочи дека во 2018-та година ќе се интензивираат активностите и проектите кои се однесуваат на лицата со посебни потреби.

Намерата е Општината да ги поддржи овие обуки и работилници и во основните училишта на територија на Карпош, знаејќи дека бројот на деца со посебни потреби е во пораст.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот