Министерот Димитров учествуваше на средбата на советодавната група – Балкан во Европа (BiEPAG)

Од:

Денеска министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров учествуваше на средбата на советодавната група – Балкан во Европа (BiEPAG) на тема „Нов Македонски Момент” која ја водеше професорот Флоријан Бибер.

Министерот Димитров се осврна на состојбите во Република Македонија во последните 6 месеци, и ги запозна присутните со реформските процеси во Република Македонија, како и предизвиците на тој пат. Како клучни сегменти, тој ги издвои реформите кои следуваат во судството, различниот пристап кон медиумите во Македонија и конечно, процесите за поголема транспарентност. Димитров ја истакна важната улога на граѓанското општество, како за време на кризата така и во процесите за градење модерна европска демократија. “Општеството се менува на подобро. Јавноста и граѓанскиот сектор имаат витална улога во системот на “спреги и кочници.” Нема простор за неодговорно и нетранспарентно управување.

Граѓаните имаат високи очекувања за реализацијата на нашите стратешки приоритети. Но истовремено, тие очекуваат суштествена промена и култивирање на нов менталитет на добро владеење, отчетно, меритократно и одговорно. Очекуваат европеизација на домашните политички процеси. Поради тоа и поради вредноста на “новиот македонски момент”, ние мораме да испорачаме.” На крајот на неговото излагање, министерот Димитров заклучи дека прогресот по принцип на заслуга во интегративните процеси на регионот е вистинскиот пат кон ЕУ и НАТО.

Од друга страна, членовите на советодавната група ги поздравија напорите за поголема транспаретност како алатка за осигурување на прогрес на Македонија на подолг рок. Исто така, истакнаа дека Република Македонија со реформите досега како и оние кои следуваат, има шанса да стане пример кој ќе отцрта интегративен патоказ и за другите земји во регионот.

Средбата претходеше на брифинг со медиумите на тема “Европска и евро-атлантска интеграција на Република Македонија”. Со тоа беше заокружено денешното учество на министерот Димитров.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија