Во Прилеп почна чествувањето на градската слава „Свети Никола“

Од:

Со Света божествена литургија во црквата „Свето Благовештение“ од 08:00ч. изутрината започна денешното чествување на градската слава „Свети Никола“.

Во 12:00 часот ќе се изврши водоосветување и прережување на празничниот колач пред параклисот што го носи името на светецот, во центарот на градот. А, во 12:30 часот ќе биде благословена градската трпеза со што ќе биде означен и почетокот на празничниот ручек.

Годинешни домаќини на градската слава се сопствениците на хотелот „Салида“. Во центарот на градот се подготвува богатата и вкусна посна трпеза на којашто ќе бидат сервирани околу 60.000 сарми. Домаќините и Општина Прилеп како организатор на овој настан, ги покануваат сите граѓани да бидат дел од чествувањето.

Во 13:15 часот градоначалникот Илија Јованоски ќе им ги врачи наградите на учениците што ги освоија првите три места на годинешниот конкурс на тема: „Хуманоста – темел во меѓучовечките односи“. Конкурсот го распиша Општина Прилеп, а е реализиран во соработка со основните училишта од целата општина.

Пофалници ќе им бидат врачени и предметните професори – ментори на наградените ученици. Во чест на празникот во тек се натпреварите на светиниколскиот турнир со хуманитарен карактер, а собраните средства од турнирот ќе бидат наменети за опремување Центар за деца со церебрална парализа.

Чествувањето на градската слава „Свети Никола“ во Прилеп има 12 годишна традиција. Во 2008 година домаќинките од женските здруженија свиткаа 80.191 посна сарма, со што го освоија Гинисовиот рекорд.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница