Пеливанова – заменик градоначалник на Карпош

Од:

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ја определи проф. д-р Наташа Пеливанова, член на Советот на Општина Карпош, за заменик градоначалник на Општината, која ќе ја врши оваа функција за време на спреченост или отсуство на градоначалникот.

Ова решение е донесено врз основа на член 52 став 5, 6 и 8 од Законот за локалната самоуправа на Република Македонија.

Пеливанова е доктор во областа на правните науки. Таа е редовен професор на Факултетот за безбедност во Скопје. Има значаен придонес во научно – истражувачката дејност како автор на многубројни трудови издадени во домашни и меѓународни специјализирани списанија.

На последните локални избори, Наташа Пеливанова е избрана за член на Советот во Општина Карпош. Членува во Комисијата за урбанистичко планирање, Комисијата за јавни дејности (образование, социјална и детска заштита), Комисија за еднакви можности на жените и мажите и Комисијата за прописи при Советот на Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец