САД стави вето на предлог-резолуцијата на СБ за Ерусалим

Од:

Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли стави вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која што се поништува признавањето на Ерусалим за главен град на Израел од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Таа го најави ветото неколку часа пред гласањето.

Заедно со Велика Британија, Франција, Русија и Кина, САД е постојана членка на Советот за безбедност на ОН, со моќ да блокира резолуција со употреба на вето.

Предлог-резолуцијата е од Египет и вели дека сите одлуки и дејства што го менуваат, карактерот, статусот или демографскиот состав на Светиот град Ерусалим немаат правно дејство, се ништовни и неважечки и мора да бидат решавани во согласност со релевантните резолуции на Советот за безбедност

Би можело да ве интересира

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

САД воведоа нови санкции против Русија