Борба за камери во кривичен – одложено судењето на Груевски

Од:

Судењето за предметот на Насилство во Центар, во кое осомничен е експремиерот Никола Груевски, е одложено за 27 ноември бидејќи во судницата немало камери за снимање на судскиот процес.

Судијката која се споменуваше во бомбите, Сафије Лаличиќ, ги зела камерите за рочиштето за предметот во кој дедото на малата Тамара од Велес е обвинет за обид за убиство врз ексминистерот за здравство, Никола Тодоров.

Двете судења беа закажани во ист термин.

Сите обвинети и претставниците на СЈО беа во судницата и чекаа да стигнат двете камери за тонско и визуелно снимање на судењето. На минатото рочиште, адвокатите на Груевски и останатите обвинети поради тоа побараа да биде одложена главната расправа.

В.Маглешов

Би можело да ве интересира

Суд во Бразил потврди отказ за работник кој 88 пати беше на боледување

Продолжи судењето против Бојковски кој призна три од четирите убиства за кои е осомничен од обвинителството, доказната постапка завршена

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор