Папата Франциско денеска упати критики кон новинарите кои објавуваат за стари скандали и пишуваат сенззционалистички вести, додавајќи оти тоа е „многу сериозен грев“, кој ги погодува сите вмешани.
– Не треба да паднете во гревот на комуницирање, погрешно информирање или изнесување само на едната страна, колумни кои се сензационалистички или исполнети со клевети, потрага за стари вести кои би биле продадени и емитувани денес, посочи папата.