Чешкиот автопроизводител „Шкода“ ги објави техничките податоци и фотографии од новата спортска верзија на својата „Фабиа“.
Под хаубата се наоѓа 1,4 ТСИ бензинец со 125 коњски сили. Заедно со седмостепениот ДСГ менувач со двојно квачило, моторот овозможува оваа „Фабиа“ да развие до стотка за 8,8 секунди, т.е. 203 километри на час.
Автомобилот има спортска потпора со прилагодливи амортизери и најсовремен издувен систем.
„Фабиа Лимитед Едишн“ пристигнува на европскиот пазар во февруари 2018., а вкупниот број на серијата ќе биде 1.300 примероци. Цената засега не се соопштува.