Солидните перформанси што ги имана хартија, новиот теренец „Ламборџини Урус“ сега ќе треба да ги потврди на една од најпознатите спортски патеки во светот Нирбургринг.
„Ламборџини“ на почетокот на овој месец го претстави автомобилот, истакнувајќи дека тој забрзува од 0 до 100 километри на час за само 3,6 секунди и дека развива максимални 305 километри на час.
Тоа значи дека „Урус“ ќе може да го надмине досегашниот рекорд од седум секунди и 517 илјадинки, што го држи „Алфа Ромео Стелвио Квадрифољо“.
Инаку, вториот најдобар резултат на сите времиња е оној на „Порше Кајен Турбо-С“ од 7:597,4, а третиот на „Рејнџ Ровер Спорт СВР“ 8:14.