Во Германија почна продажбата на новата верзија на моделот Фолксваген Поло ГТИ, којшто во таа земја чини 23.950 евра.
Спортската верзија на овој доста баран хечбек се движи со помош на моќен дволитарски турбо-бензинец, со 200 коњски сили, кој развива максимален број вртежи од 320 њутнметри. До 100 километри на час возилото развива за 6,7 секунди.
Покрај поагресивниот надворешен изглед, Поло ГТИ се одликува и со специјални 17-инчни алуминиумски фелни, а внатре има карирани спортски седишта и црвени детали карактеристични за Фолксваген ГТИ автомобилите.
Меѓу доплатните опци се и ЛЕД светла, панорамски покрив, премиум аудио систем „Битс“ од 300 вати, дигитална инструмент табла и бројни електронски системи за навигација.