До март 2018 година би требало да биде постигната согласност помеѓу Германија и Франција за идните реформи во Еврозоната, најави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.
Европските држави дискутираат за реформи во Еврозоната уште од грчката финансиска криза, со разни предлози. Се погласно се споменува формирањето на заедничко министерство за финансии и издавање на заеднички обврзници.
– Разговарав со францускиот претседател за усогласување на нашите ставови до март. Ќе дојдеме до заедничко решение кое и е потребно на Европа, изјави Меркел на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон.