Актуелната градоначалничка на Македонска Каменица соопшти дека претходниот градоначалник свесно ја довел општината до ситуација на неликвидност два дена пред вториот круг на локалните избори. Таа кажа дека по налог на екс-градоначалникот селективно биле наплатени големи суми кон одредени договорни партнери, без да се почитува динамиката на обврските на општината.
Градоначалничката Соња Стаменкова соопшти дека долгот на општината е 1,3 милиони евра, а поради таквото работење на екс-градоначалникот, општината сега не е во можст да им ислпати плати на дел од вработени, ниту редовно да ги подмири обврските по однос на склучени договори, набавени стоки или услуги.
За време на изборите кон општината биле факутирани 2.832 евра на име угостителски услуги.
– Да потрошите околу 3.000 евра на кафеани и ресторани во време на избори и притоа да ја оставите општинската каса без пари по изборите, е крајно неодговорно и расипничко управување со една сериозна институција како што е Општината, истакна Стаменкова на прес-конференција.
Долгорочниот долг на општината изнесувал 43.214.342 денари или 702.672 евра – подзаем склучен со Министерството за финансии од кредитна линија на Светска Банка за реконструкцијата и адаптацијата на Домот на културата во Македонска Каменица.
– Општината овој кредит има обврека да го отплаќа од 2018 година, кога истекува предвидениот грејс-период од три години. Ратата изнесува 2.160.718 денари и ќе се исплаќа двапати годишно во наредните 10 години. Општината може да изгуби 16 милиони денари доделени преку ИПА грант за изградба на два локални патишта, поради непочитување на приоритетите за исплата и непочитување на Законот за финансиска дисциплина, рече Стаменкова.
Загрижувачка била и состојбата со ЈП „Доминг“, кое било со блокирана сметка, додека ЈП „Камена Река“ немало пари за плати.
– ЈП „Доминг“ е со блокирана сметка од 2000 година и има краткорочни обврски од 746.424 денари, како и долгорочни од 24.948.338 денари. ЈП „Камена река“ на сметката има 877.528 денари, а краткорочни обврски 4.039.530 и побарувања 6.942.304. Јавното претпријатие се соочува со недостиг на средства за исплата на надоместок за плата за вработените од јавна чистота и комунална хигиена чие незадоволство е се по интензивно овие денови, рече Стаменкова.