СВР Струмица: „Честитајте со разгледница, не со петарда“

Од:

Секторот за внатрешни работи од Струмица почна со превентивна кампања против неовластената употреба на пиротехнички средства во пресрет на новогодишните и божиќните празници.

Од струмичката полиција потсетуваат дека пиротехниката го нарушува јавниот ред и мир, а неовластената употреба е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија.

СВР Струмица во сите основни и средни училишта одржува предавања за опасноста од употребата на петарди под мотото „Честитај со разгледница, а не со петарда“.

Законската регулатива предвидува казни од 200 до 500 евра, како и казни затвор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите