Во Македонска Каменица сообраќајни патроли за поголема безбедност

Од:

Сообраќајни патроли од вработени во општинската администрација, припадници на МВР и ученици од СОУ „Миле Јаневски Џингар“ ќе воведе Македонска Каменица за поголема безбедност, подигнување на сообраќајната свест и култура.

Како што информира градоначалничката Соња Стаменкова, патролите ќе имаат советодавна улога и преку промотивни материјали ќе се обидат да делуваат за почитување на сообраќајните правила и прописи.

– Целта е да се подигне културата и етиката кај граѓаните за одговорно учество во сообраќајот, но и да се поттикне локалното население активно да се вклучи во општествените процеси за креирање општество со високо ниво на сообраќајна култура и издигнување на безбедноста во сообраќајот како највисока општествена вредност, рече Стаменкова и апелира, граѓаните да се однесуваат одговорно и да ги почитуваат правилата за учество во сообраќајот особено за новогодишните и божиќните празници.

Би можело да ве интересира

Атанасовски: Пожарот во селата Цера и Пресека повторно надвор од целосна контрола

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Загина моторциклист во близина на Македонска Каменица

Пријава за поткуп за глас во Македонска Каменица

А1он

Сообраќајот кон Делчево и Каменица се пренасочува поради одрони

Жарко Настоски