Дискусија во Кичево – „Омбудсманот меѓу граѓаните и институциите“

Од:

НВО Инфоцентарот и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, на 18 декември, понеделник, со почеток во 11.30 часот, во просториите на Центарот за развој на заедницата во Кичево, ќе организираат презентација со дискусија „Омбудсманот – меѓу граѓаните и институциите“.

На овој настан ќе биде презентирани наодите од мониторингот на работата на Народниот правобранител и од фокус-групите организирани со новинари и граѓански активисти од Струмица, Штип, Битола, Тетово и Скопје.

Говорници ќе бидат: Иџет Мемети, Народен правобранител, Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Билјана Бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентар и Гордана Дувњак, новинарка.

Во рамки на презентацијата ќе има и дискусија за тоа: Дали и како Омбудсманот ги штити граѓаните и нивните права пред државните институции?; Дали граѓаните го препознаваат Омбудсманот како свој заштитник?; Дали државните институции постапуваат според укажувањата на Омбудсманот?; Дали Омбудсманот има репутација на силна, авторитетна и независна институција во јавноста?

Настанот се реализира во рамки на проектот „Граѓански мониторинг на Народниот правобранител“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.

Би можело да ве интересира

20 претставки за загадениот воздух стигнале кај Народниот правобранител

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Повреда на избирачко право, утре ќе може да се пријавува на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право