Ирански хакери ги напаѓаат американските банки

Од:

Американски финансиски институции се цел на моќни кибернапади, зад кои стојат експерти од Иран. Нападите се одмазда за меѓународните санкции за Техеран.

– Американската влада не се сомнева дека зад нападите стои Иран, изјави експертот за безбедност во виртуелниот простор Џејмс Луис за „Њујорк тајмс“.

Дваесетте најголеми американски банки вчера беа мета на третиот бран кибернапади, за кои одговорноста ја презеде групата хакери „Из ад Дин ал-Касам“.

Експертите наведуваат дека хакерите користат нови методи на напади на интернет-страниците на банките со барања за информација.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји