ССНМ: Авторските права мора да се почитуваат

Од:

Од јануари 2018 година Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ќе влезе во одбрана на правото на авторот, независно дали е новинар, фоторепортер или снимател, неговиот труд да биде платен и заштитен.

„Времето на непречено преземање фотографии, видео и авторски текстови на новинарите и медиумските работници мора да завршии. Преземање фотографии или авторски текстови како колумни без дозвола од авторот е казниво и ССНМ ќе застане зад сите кои се навистина оштетени со пружање правна помош и застапување на суд.

ССНМ смета дека е крајно време до свеста на луѓето и до медиумите да стигне пораката дека авторските права мора да се почитуваат поради што сите учесници во медиумскиот бизнис мораат да престанат да бидат комотни кога преземаат фотографии и текстови на други автори. Незнаењето, неиформираноста или незаинтересираноста веќе не се и нема да бидат оправдување. Почитувањето на авторските права е законска обврска, а воедно е и еден од темелните принципи на новинарската етика.

Обврската за почитување на авторските права ја наложува првенствено Законот за авторски права како лекс специјалис, меѓутоа таа обврска ја има и во Кривичниот законик на Македонија, што значи дека станува збор и за кривично дело.

ССНМ очекува дека овој апел ќе биде сфатен сериозно и одговорно со што ќе се избегне некој да биде изложен на барања за паричен надомест и кривична одговорност, како и на дополнителни трошоци изразени во вид на адвокатски и судски трошоци и камата“, стои во соопштението од ССНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

(ВИДЕО) „Нашата работа е за јавноста, не за пред колегите“: Новинарите на протест пред Граѓански суд

A1on

НЕ за владини кампањи во медиумите и злоупотреба на ЕУ знамето во Собранието повикуваат новинарските здруженија

ССНМ и Томсон медија ги доделија наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Вработените во МИА и денеска на протест искажаа незадоволство поради непостапување по нивните барања