Заев на средбата со Синдикатот на МЖ Транспорт: Ги разгледуваме можностите за трајно и системско решение на проблемите во Македонски железници

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска оствари средба со претставници на Синдикална организација на вработените на подружница влеча на возови во МЖ Транспорт, предводени од претседателот на синдикатот, Ѓоко Илиевски.

На средбата се разговараше за наталожените проблеми со кои се соочува ова претпријатие, за условите за работа во кои работат работниците, како и за новите перспективи кои се отвораат за железничкиот сообраќај во Република Македонија со зголемениот интерес за изградба и комплетирање на коридорите 8 и 10.

Во таа насока премиерот Заев посочи дека Владата на Република Македонија има системска определба во изнаоѓање на трајно решение на проблемите во Македонски железници.

Премиерот Заев оцени дека изнаоѓање на решение е важно од причини што се отвораат економските перспективи за железничкиот сообраќај со комплетирањето на Коридорите 8 и 10, со што се отвораат можности Македонија да стане транспортен јазол на Балканот и во железничкиот и во патниот сообраќај.

Премиерот Заев ги слушна барањата на работнците организирани во овој синдикат, и порача дека низ взаемен дијалог помеѓу Владата, синдикалните организации и менаџментот на Македонски железници ќе се разгледуваат можностите и ќе се носат одлуки за трајно и системско решение на проблемите во Македонски железници.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада