Зачестени контроли пред празниците најавуваат СВР и службите на општина Струмица

Од:

Општина Струмица и СВР Струмица апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните прописи и да не ги узурпираат јавните површини.

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и началникот на Секторот за внатрешни работи – Струмица, Танчо Пројковски со своите соработници одржаа работен состанок на кој се разгледуваше актуелната состојба со безбедноста на граѓаните и јавниот ред и мир во Општината.

Целта на состанокот беше во заедничка соработка и координација, иститите да се подигнат на повисоко ниво во овој период од годината, односно, пред новогодишно-божиќните празници. По разгледувањето на состојбата од сите аспекти, а поврзана со безбедноста на граѓаните, присутните на состанокот донесоа конкретни заклучоци и насоки за нивно спроведување.

Поради очекуваната зголемена фреквенција на луѓе и возила пред новогодишно-божиќните празници, надлежните служби на општина Струмица и СВР Струмица во следниот период ќе имаат заеднички зачестени контроли и интервенции во делот на паркирањето на возилата, узурпирањето на тротоарите и останатите јавни површини не само од возила, туку и од останатите видови на узурпација.

Затоа се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не ги узурпираат јавните површини и да го почитуваат јавниот ред и мир, соопштуваат од Општина Струмица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите