Директорите на девет европски новински агенции побараа од интернет гигантите на медиумите од кои објавуваат информации да им плаќаат поголем процент од приходите остварени од реклами.
– Веќе неколку месеци во Европа и во европските институции во Брисел се води дебата за предлог-директива за авторски права, наведуваат директорите на деветте агенции во заедничка статија во францускиот весник „Монд“.
Според нив, со директивата на ЕУ првпат на европско ниво ќе се предвиди големите интернет компании да им плаќаат поголеми суми на медиумите за милионите информации што ги читаат корисниците на нивните платформи.