Во Скопје денеска ќе биде презентиран четвртиот квартален извештај од следењето на работата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за периодот јули – септември годинава.
Кварталниот извештај ја опфаќа работата на Државниот завод за ревизија од аспект на транспаретноста во комуницирањето и информирањето на јавноста преку веб страницата, перцепцијата на медиумите за транспареноста на Заводот, прецепцијата на пратениците во македонското Собрание и резултатите од работата на ДЗР.
Покрај извештајот, ќе биде презентирана и новата годишна програма за работата на Државниот завод за ревизија.