Новата чешка малцинска влада положи заклетва кај претседателот

Од:

Пред чешкиот претседател Милош Земан денеска членовите на чешката малцинска влада на премиерот Андреј Бабиш положија заклетва, иако таа допрва треба да биде одобрена во чешкиот Парламент.

Партијата на Бабиш, Акција на незадоволни граѓани (АНО) има 78 од вкупно 200 пратеници. Владата е составена од шест министри од АНО и осуммина непартиски пратеници.

Премиерот во следниот период ќе се обиде да обезбеди поддршка од некоја од другите парламентарни партии за неговата малцинска Влада, пред гласањето во Парламентот, што најверојатно ќе се одржи на 10 јануари следната година.

Бабиш истакна дека тој се противи на определувањето датум до кога Чешка треба да влезе во еврозоната и да го прифати еврото како своја валута, како и дека е против одлуката на ЕУ за распределба на мигранти меѓу сите членки на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница