Кражба во спортска обложувалница во Тетово

Од:

Вкупно 35 илјади денари биле одземени и нанесена материјална штета откако засега непознати сторители извршиле тешка кражба во спортската обложувалница „Марбет“ лоцирана на улица „ Благоја Тоска“ во Тетово, сопственост на тетовец от И.Ј. (49), информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци и поднесената пријава до полицијата кражбата биле извршена ноќта помеѓу понеделник и вторник оваа недела.

– Откако насилно ја отвориле влезната врата непознатите насилно ги отвориле и вратите од трите апарати за игри на среќа, ги извадиле касите и одзеле парични средства во вкупен износ од 35.000 денари, а потоа незабележани од никого го напуштиле објектот. Се преземаат мерки и активности за откривање на сторителите и целосно расветлување на случајот, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски