Lenovo на своите корисници ќе им понуди уред кој што ќе може да го задржи семејството на едно место.
Така, наместо секој да користи свој таблет, оваа компанија нуди еден голем таблет кој ќе можат да го користат четири луѓе одеднаш.
Таблетот е наречен “IdeaCentre Horizon Table PC” и истиот е опишан како првиот “интерперсонален компјутер”.
Станува збор за таблет со 27-инчен екран и оперативен систем “Windows 8”. Истиот е наменет за поставување на масата, но можно е и да се чува во раце.
Неговата тежина изнесува 6,8 килограми. Таблетот ќе има и џоистици за играње на најразлични игри.
Lenovo, кинеската компанија која што ја презема работата со компјутерите од “IBM”, со продажба на овие компјутери ќе започне во текот на летото, а нивната цена ќе изнесува 1,307 евра.